Комично: Тренерот на Шахтјор го исполни ветувањето после триумфот над Манчестер Сити! (ФОТО, ВИДЕО)

Шахтјор Доњецк вчера го совлада Манчестер Сити со 2:1 на домашен терен и така се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Тренерот Пауло Фонсека вети дека доколку украинскиот клуб успее да се најде во елиминациската фаза ќе се маскира како легендарниот „Зоро“ и тоа го направи.

Ова е најзанимлива конференција за новинари во мојата кариера“, рече Пауло Фонсека, после победата над водечкиот во Премиерлигата.