Кој нуди 95 милиони евра за Герет Бејл?

Фантастична понуда пристигна на адреса на Реал Мадрид каде што се расположени за продажба, но има еден мал проблем.

Герет Бејл се соочува со повреди, не е стандарден оваа сезона на натпреварите, се враќа, па се повредува, а тоа многу ги нервира и самите навивачи од „Бернабеу“, но и управата.

Поради тоа се размислува за продажба на Велшанецот за чии услуги воглавно заинтересирани се премиерлигашите, но има и понуди од Пиринеите.

28-годишниот напаѓач досега сезонава има 15 мечеви и седум голови за „кралскиот“ клуб. Според информациите 95 милиони евра се нудат од кинеската екипа Гвангжу Евергранд, но тешко е за верување дека сега би прифатил за таков трансфер.

Од друга страна, пак“, сериозно би размислил Бејл доколку таква слична цена дојде од Премиерлигата.