Кој е подобар според Тоти: Меси или Роналдо?

Легендарниот играч на Рома, Франческо Тоти, ќе биде во жирито на ФИФА во изборот за најдобар фудбалер на годината.

Откако на крајот од минатата сезона Италијанецот одлучи да ја заврши својата професионална кариера, за краток период успеа да си најде нова „занимација“.

Помеѓу останатото, Тоти ќе биде во жирито на церемонијата каде што ФИФА ќе ја додели наградата за најдобар играч во 2017. година.

ФИФА ја објави листата од тројца кандидати кои се борат за оваа престижна награда, тие се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.

Според размислувањето на Тоти поради се што досега освоил годинава, португалската ѕвезда на Реал Мадрид, Роналдо заслужува повторно да биде прогласен за најдобар.

Зборуваме за три фудбалски мајстори, сепак, на крајот мислам дека Роналдо е пред Меси и Нејмар.

Има една фантастична година во која постигна се што можеше. Оваа година е многу подобар од Меси и тоа треба да се признае“, рече 41-годишниот Тоти.