Кои се кандидатите за нов тренер на Баерн Минхен?

Баварскиот гигант му се заблагодари на тренерот Карло Анчелоти за досегашната соработка.

Отказот дојде после поразот оваа недела на гостувањето во Лигата на шампионите кај ПСЖ со 3:0.

Како привремено решение на клупата е поставен Вили Сањол, а веќе се шпекулираат имиња како можни наследници на италијанскиот стратег во Баерн Минхен.

Според „ЕСПН“ се спомнуваат Томас Тухел, потоа Јулијан Нагелсман, Јуп Хејкенс, сегашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп и Мемет Шол (поранешен фудбалер на германскиот шампион).

Хејкенс со овој клуб ја освои Лигата на шампионите и двата трофеи во Германија, по што се повлече во пензија.