Кое е најдоброто дуо во Европа во овој момент?

Кога ги гледаме асистентите и стрелците во ист напад, на чело се наоѓаат фудбалерите на Челзи.

Челзи после почетниот шок успеа да ја засили формата, сега играат сосема добро и можеби повторно треба да се сметаат како фаворити за титулата шампион на Англија.

Она што е навистина занимливо е секако фактот дека фактички Челзи го има најдоброто дуо во овој момент кога ги гледаме головите и асистенции во истите напади. За кое станува збор?

Азпиликуета најмногу пати досега му асистирал на Мората, дури четири пати во досегашниот тек на првенството, што е најмногу во Европа.

После нив, двајца, следува дуо на Јувентус, Пјаниќ три пати го пронаоѓал Дибала по што Аргентинецот беше успешен.

На второто место во овој момент се наоѓаат и Жорди Алба и Лионел Меси, Алба исто така му „наместил“ три гола на Меси.