„Клуб 50“: Левандовски ја носи Полска на Мундијалот! (ВИДЕО)

И официјално со 50 голови Роберт Левандовски е најдобриот стрелец на сите времиња во својата земја.

Ѕвездата на Баерн Минхен го престигна рекордот на легендарниот Влодзимеж Лубански кој имаше 48 погодоци.

Денеска репрезентацијата на Полска во новиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2018 год. во Русија на гостински терен во групата Е ја совлада Ерменија со 1:6.

Тоа е вкупно седми триумф за Полјаците во овој циклус и се наоѓаат многу блиску до пласман на Мундијалот.

Моментно е на првото место на табелата со 22 бодови, шест повеќе од Црна Гора и Данска кои доколку вечерва ремизираат и дефинитивно избраниците на селекторот Навалка ќе се промовираат како нови учесници на СП.

Левандовски трипати се запиша во листата на стрелците, во гол-серијата му се придружија Гросицки, Блашчиковски и Волски, а на спротивната страна кај Ерменците при негатива од 0:3 прекрасно со глава стрелаше членот на македонскиот шампион Вардар, Хамбарџумјан, асистент беше фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мхитарјан.

Вечерва се одигра уште еден меч кој нема резултатско значење, во групата Ц селекцијата на Чешка на гости со 1:2 беше подобра од Азербејџан.

Apмeния – Пoльшa от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.