Клоп најсилно што може, а Мурињо шокираше со три промени! (ФОТО)

Се е подготвено за големото дерби во Англија…

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед од 13:30 часот го играат големото дерби од осмото коло во Премиерлигата.

Јирген Клоп единствено не може да смета на Мане од стандардните првотимци, па него очекувано на лево крило ќе го замени Кутињо. Во средниот ред ќе игра триото – Хендерсон, Џан и Вајналдум.

На спротивната страна, Жозе Мурињо направи неколку изненадувања, Смолинг доби шанса пред Бејли во тандем со Џонс, лево ќе биде Дармијан, а во средината Ешли Јанг кој ќе се обиде да ги „неутрализира“ Салах или Кутињо.

Третото големо изненадување кај „црвените ѓаволи“ е Ентони Марсијал наместо Маркус Решфорд. Веруваме дека ова ќе биде уште еден занимлив меч.

Премиерлига, (денеска, 13:30 ч.)

Ливерпул: Мињоле, Гомез, Матип, Ловрен, Морено, Хендерсон, Вијналдум, Џан, Салах, Кутињо, Фирмино.

Манчестер Јунајтед: Де Геа, Валенсија, Џонс, Смолинг, Дармијан, Андер Ерера, Матиќ, Јанг, Мхитарјан, Марсијал, Лукаку.