Кевин Де Брујн останува во Манчестер Сити до 2023 година

Кевин Де Брујн потпиша нов петгодишен договор со Манчестер Сити, односно ќе остане во клубот до 2023. година.

Белгискиот играч од средниот ред се наоѓа во одлична форма и е еден од клучните фактори за досегашната одлична сезона на „граѓаните“.

Во 2015. година дојде на „Етихад“ од Волфсбург, досега во дресот на Сити има 122. одиграни натпревари и 31. гол.

Ниту еден играч не забележал повеќе асистенции (38), сезонава неговиот учинок е 32. мечеви, осум голови и 13 асистенции.

Тука се чувствувам како дома, среќен сум за новиот договор, не само што победуваме, туку и играме одличен фудбал.

Задоволство е да се биде дел од овој тим и навистина сум возбуден од тоа што можеме да постигнеме во наредните години“, рече Де Брујн.

Потсетување, претходни нови договори со Манчестер Сити потпишаа уште Николас Отаменди, Фернандињо и Давид Силва.