Кејн за 200 милиони евра ќе биде новиот „крал“!? (ВИДЕО)

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид би можел наредното лето, поточно во јули да му испрати една неверојатна понуда на Тотенхем.

Хари Кејн минатиот месец септември постигна 13 голови, но не е само тоа причина зошто е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и зошто многу клубови се заинтересирани за него.

„Кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата со англискиот репрезентативец, но од друга страна премиерлигашот во претходниот преоден рок јасно стави до знаење дека ќе ги одбие сите понуди кои ќе стигнат за Кејн.

Одредени шпански медиуми тврдат дека претседателот на европскиот шампион Флорентино Перез ќе се согласи за било каква цена што ја посакува составот од „Вембли“ стадионот.