Казнет Савидис: Три години надвор од фудбалот, ПАОК без титула

Сопственикот на грчкиот клуб ПАОК доби голема казна од Дисциплинската комисија на грчката фудбалска Суперлига.

Иван Савидис е казнет на три години надвор од фудбалот и парична казна од 100.000 илјади евра, затоа што на натпреварот против АЕК во Солун со пиштол влезе на теренот.

Савидис незадоволен од одлуката да се поништи голот на ПАОК, со пиштол зад појасот и обезбедување влета на теренот да се пресмета со судијата Јоргос Коминис, па сега нема да може да присуствува на сите мечеви во период од три години.

Поради споменатиот скандал и предизвиканиот прекин на оваа средба клучна за шампионската титула оваа сезона, ПАОК е казнет со минус три бода, уште два за следната сезона, три натпревари без присуство на публика и 63.000 илјади евра парична казна.

Санкциониран е и директорот на клубот, Лубош Михел, кој исто така влета на теренот, доби казна од 90. дена надвор од фудбалот и 15.000 илјади евра.

Воедно, дуелот во Солун е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на АЕК кој сега е на чекор од трофејот, односно има седум бодови повеќе во однос на второпласираниот Олимпијакос и дури 11. повеќе од ПАОК. Според најавите грчкиот фудбалски шампионат ќе продолжи наредниот викенд.