Капело ќе биде новиот менаџер на Арсенал?

Како што пренесуваат британските медиуми, поранешниот англиски селектор би можел за прв пат во својата тренерска кариера да води премиерлигашки клуб.

71-годишниот Фабио Капело се спомнува како потенцијална замена за досегашниот стратег на Арсенал, Арсен Венгер кој во изминатите неколку месеци наиде на лавина критики поради лошите резултати оваа сезона.

Потсетување, италијанскиот тренер ја напушти Кина после двата порази во стартните три натпревари од тамошната фудбалска лига.

Капело освен Џиангсу Сунинг, претходно ги водеше уште Милан, Реал Мадрид, Рома, Јуветус, како и репрезентациите на Англија и Русија.

Најголемите успеси како тренер ги имаше со „росонерите“, четири пати шампион во Серија А, три пати во италијанскиот Суперкуп, а по една титула во Лигата на шампионите и европскиот Суперкуп.