Кандидатите за тим на годината во изборот на ФИФА и ФИФПро

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Синдикатот на професионална фудбалери ФИФПро…

Објавија листа од 55 фудбалери кои кандидираат за најдобриот тим на минатата сезона 2016/2017.

Составот ќе биде во формација 4-3-3, а за неговиот изглед ќе одлучуваат повеќе од 24.000 илјади фудбалери од целиот свет според игрите и учинокот од август 2016 до јуни оваа година.

Најдобрите 11 за минатата сезона ќе бидат прогласени на свечена церемонија која што ќе се одржи на 23. октомври во Лондон..

На листата се наоѓаат дури 13 играчи на Реал Мадрид, а како главен фаворит за наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот во 2017. година се издвојува Кристијано Роналдо. Номинациите за таа категорија ќе бидат објавени в петок.

Кандидати за тим на сезоната во изборот на ФИФА и ФИФПро:

Голмани: Буфон, Де Геа, Навас, Нојер, Облак.

Одбрана: Алаба, Алба, Алвеш, Боатенг, Бонучи, Карвахал, Кјелини, Годин, Хумелс, Лам, Луиз, Марсело, Маскерано, Пепе, Пике, Рамос, Силва, Умтити, Валенсија, Варан.

Среден ред: Алкантара, Бускетс, Касемиро, Кутињо, Азар, Иниеста, Иско, Канте, Крос, Матиќ, Модриќ, Озил, Погба, Верати, Видал.

Напад: Бејл, Бензема, Кавани, Роналдо, Дибала, Гризман, Ибрахимовиќ, Кејн, Левандовски, Лукаку, Мбапе, Меси, Нејмар, Санчез, Суарез.

Leave a Reply