Како ќе изгледа сега тимот на Барселона со Филипе Кутињо? (ФОТО)

Сонот на Филипе Кутињо да настапува за Барселона е исполнет.

Каталонскиот клуб успеа оваа зима да го ангажира досегашниот играч на Ливерпул. Од моментот кога си замина Нејмар од „Камп Ноу“, челниците на Барса како негови замени ги означија споменатиот Кутињо и Усман Дембеле.

Да потсетиме, младиот француски интернационалец дојде минатото лето во трансфер вреден 150 милиони евра. Од друга страна Кутињо кој нема право на настап во Лигата на шампионите оваа сезона, пристигна за 160 милиони евра.

Сега се поставуваат многу прашања, како Кутињо ќе се вклопи во тимот на Валверде, дали буквално ќе го замени Нејмар на лево крило, дали ќе се врати класичната формација 4-3-3 во Барселона, дали ќе игра на позицијата на Иниеста или со оглед на фактот што има голем број на ѕвезди во нападот, ќе се формира 4-4-2?

-КУТИЊО ВО БАРСЕЛОНА: УЛОГАТА НА НЕЈМАР-

-КУТИЊО ВО БАРСЕЛОНА: УЛОГАТА НА ИНИЕСТА-

-КУТИЊО ВО БАРСЕЛОНА: ФОРМАЦИЈА 4-4-2-