Кака прави трансфер во клубот каде што ја започна кариерата!?

Синоќа 35-годишниот бразилски интернационалец го имаше последниот настап за американскиот состав на Орландо Сити.

Сеуште не е јасно дали Кака наскоро ќе се пензионира, или ќе продолжи со активното играње фудбал. Според информациите претседателот на Сао Паоло, Карос Аугусто Барос ќе стори се што е негова моќ да го врати овој играч во клубот.

Бразилската екипа на Сао Паоло беше прва во професионалната кариера на Кака каде што пред да се пресели во Милан забележа 59 натпревари и 23 голови.

Враќање на Кака во Сао Паоло? Нема никаква потврда, сеуште, но можно е. Доколку сака да се врати, ќе сториме се трансферот да се реализира“, рече првиот човек на Сао Паоло, Аугусто Барос.