Кака потврди, ќе го напушти Орландо Сити

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ Кака објави дека нема да се врати во Орландо Сити штом истече неговиот три-годишен договор.

Бразилскиот играч од средниот ред дојде во американската МЛС лига во 2014. година и вкупно имаше 77 натпревари за клубот, постигнувајќи 25 голови и клупски рекорд од 22 асистенции.

Според информациите својот последен меч за Орландо Сити ќе го има оваа недела против Колумбус Кру.

Останува да се види дали 35-годишниот Кака воедно и ќе ја заврши богатата 16-годишна професионална кариера. Тој во неколку наврати изјавил дека неговото тело веќе не може да го дава максимумот на терените и перформансите не се така најдобри.