Јувентус ќе добие 150 милиони евра за аргентинската ѕвезда Дибала!?

Се најавува нов голем трансфер на фудбалскиот пазар…

Ако им се верува на шпанските медиуми, Пауло Дибала би требало од Јувентус да се пресели во Атлетико Мадрид за 150 милиони евра.

Значи, ниту Барселона, ниту Реал Мадрид, туку станува збор за „јорганџиите“. Имено, оваа вест ја пренесе шпанскиот новинар Хоакин Родригез кој работи за популарниот радио „Онда Серо“, медиум кој не се служи со шпекулации.

Се чека само потврда од страна на „Старата дама“, од една страна Дибала веќе ги договорил сите услови за пет-годишен договор со Атлетико,

Во екипата на тренерот Диего Симеоме се очекува да има годишна плата помеѓу девет и 10 милиони евра, што значи би можел да заработи вкупно дури 50 милиони без бонуси.

Доколку овој трансфер се реализирани, тоа би требало да значи и разделба со францускиот интернационалец Антоан Гризман кој се поврзува со Барса и Манчестер Јунајтед.

24-годишниот напаѓач досега во дресот на Јуве има 89. натпревари и 47. реализирани голови.