Јувентус е првиот финалист во Купот на Италија! (ВИДЕО)

Торински Јувентус, освојувач на двојната круна од минатата сезона, ќе има прилика во финалето на Купот да одбрани еден трофеј, додека за Скудетото најверојатно до последното коло ќе се бори со Наполи.

„Старата дама“ и во реваншот со минимален резултат ја совлада Аталанта од Бергамо и во финалето го чека подобриот од дуелот Лацио-Милан.

Во првиот натпревар стрелец за Јувентус беше Гонзало Игуаин, а вечерва единствениот гол го постигна Миралем Пјаниќ од пенал, откако претходно Џанлука Мансини го фаулираше Манџукиќ, а судијата Фабри покажа на белата точка во 75. минута од средбата.