Јунајтед пред Манчестер Сити во трката за Фред?

Како што пренесуваат британските медиуми, Манчестер Јунајтед е поблиску до потписот на 25-годишниот бразилски играч од средниот ред.

Изворот вели дека „црвените ѓаволи“ се наоѓаат во подобра позиција пред градскиот ривал Манчестер Сити во битката за потписот на Фред.

Со Бразилецот исто така се поврзува и францускиот фудбалски гигант ПСЖ и информациите велат дека токму „светците“ би требало да му бидат најголема конкуренција на тимот од „Олд Трафорд“, иако останува интересот и на „граѓаните“ да го донесат во Англија.

Фред досега во дресот на Шахтјор Доњецк има учинок од 93 одиграни натпревари и девет реализирани голови со по една титула во украинското првенство и купот, како и трофеи во Суперкупот на таа земја.