Ја одведе Франција на СП: Следува „наградата“, Дешам селектор до 2020 година!

Официјално Дидие Дешам го продолжи договорот…

Останува селектор на репрезентацијата на Франција до 2020 година, односно според новиот договор уште три години.

„Триколорите“ под негово раководство досега имаат учинок од 69 натпревари, 43 победи, 12 нерешени, 14 порази, 133 реализирани голови, 57 примени.

Успеа да ја одведе француската селекција на Светското првенство кое што наредната година ќе се одржи во Русија, освојувајќи го првото место во квалификациската група А.