Извлечени 1/8 двојки во ЛШ: Реал против ПСЖ, а Барселона го доби Челзи!

Денеска со ждрепка беа извлечени осминафиналните двојки во Лигата на шампионите за сезоната 2017/2018.

Се издвојуваат два најинтересни парови, бранителот на титулата Реал Мадрид ќе ги одмери силите против ПСЖ, додека Барселона ќе игра против Челзи.

Лига на шампиони, осминафинале:

Јувентус-Тотенхем
Базел-Манчестер Сити
Порто-Ливерпул
Севиља-Манчестер Јунајтед
Реал Мадрид-ПСЖ
Шахтјор Доњецк-Рома
Челзи-Барселона
Баерн Минхен-Бешикташ

Првите натпревари ќе се одиграат на 13/14 и 20/21 февруари, додека реванш средбите на 6/7 и 13/14 март 2018 год.