Избран најдобриот тим на годината во Премиерлигата

Место во нападот покрај Кејн и Агуеро доби Мохамед Салах од Ливерпул, прв стрелец во Премиерлигата со 30 голови.

Во изборот на Англиската асоцијација (ФА) избран е најдобриот тим на годината во најсилната англиска фудбалска лига.

Новиот шампион на Англија за оваа сезона, Манчестер Сити има најмногу играчи (пет) помеѓу 11. најдобри, тројца има од редовите на Тотенхем, а по еден од Манчестер Јунајтед, Челзи и веќе рековме Ливерпул.

Најдобриот тим на годината во Премиерлигата:

Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед), Кајл Вокер (Манчестер Сити), Јан Вертонген (Тотенхем), Николас Отаменди (Манчестер Сити), Маркос Алонсо (Челзи), Давид Силва (Манчестер Сити), Кевин Де Брујн (Манчестер Сити), Кристиан Ериксен (Тотенхем), Мохамед Салах (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем) и Серхио Агуеро (Манчестер Сити).