Ивановиќ го постигна еден од своите најубави голови во кариерата! (ВИДЕО)

Вчера заврши официјално групната фаза од Лига Европа со голем број на голови, а еден дефинитивно се издвои и токму во групата „Л“ каде што настапуваше и Вардар.

Имено во Шпанија во битката за првата позиција рускиот состав на Зенит славеше со конечен резултат 1:3 против екипата на Реал Сосиедад.

Српскиот интернационалец, одбранбениот играч Бранислав Ивановиќ постигна еден фантастичен гол со „ножички“ во 64. минута од средбата за позитива од 1:2 после асистенцијата на Кузјајев.

Овој погодок сигурно ќе се вброи помеѓу најубавите оваа сезона во ЛЕ: