Италија ќе брка негатива: Шведска ја доби битката во Стокхолм! (ВИДЕО)

Нов натпревар од европската зона во баражот за пласман на Светското првенство во Русија 2018. година.

Вечерва во „Френдс Арената“ во Стокхолм, репрезентацијата на Шведска со минимален резултат 1:0 успеа да ја совлада Италија.

Единствениот погодок беше дело на Јохансон во 61. минута од средбата. Реваншот е закажан за 13. јануари со почеток од 20:45 часот на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.