Искрен голманот на Јуве и се „плаши“ од Роналдо: Реал е посилен од нас!

Искусниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон, истакна пред дуелот на неговата екипа и Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, дека најмногу се плаши од Кристијано Роналдо.

Јувентус и Реал Мадрид играле многу европски дуели во последната деценија, а Кралскиот клуб никогаш досега, откако најелитното клупско натпреварување го носи името „Лига на шампиони“ не успеал да го исфрли Јувентус во нокаут фазата.

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон порача пред овој меч колку претстојниот дуел помеѓу двете екипи е важен по неговиот тим.

Се сретнуваме со тим кој е посилен од нас. Историјата тоа го покажува. Имаат феноменални индивидуалци. Сепак, ние сфаќаме дека во два натпревари не секогаш поталентираната страна е поуспешна. Доколку победиме, ќе направиме нешто неверојатно“, рече Буфон.

И покрај тоа, Буфон знае од кого доаѓа најголемата опасност:

Кога играте против тим каков што е Реал Мадрид, издвојувањето на некои од играчите нема да направи голема разлика. Меѓутоа, знаејќи дека ќе играм против Кристијано Роналдо ќе спијам нешто помалку во наредните денови“, додаде италијанската голманска легенда.

Да потсетиме, првиот натпревар во четвртфиналето од ЛШ помеѓу Јувентус и Реал Мадрид ќе се игра на 3. април од 20:45 ч. на стадионот во Торино (главен судија е Чунејт Чакир од Турција), а реваншот е на 11. април во истиот термин на „Сантјаго Бернабеу“.