Ирците тагуваат: Данска со „петарда“ патува на СП 2018! (ВИДЕО)

Се дозна и последниот учесник од европската зона преку баражот кој што ќе се натпреварува наредната 2018. година на Светското првенство во Русија.

Тоа е репрезентацијата на Данска која вечерва со убедлив резултат 1:5 на „Авива“ Стадионот во Даблин ја совлада Република Ирска. На првиот меч немаше голови (0:0).

Се започна среќно за Ирците кои поведоа уште во шестата минута преку Дафи, но се вратија Данците со целосен пресврт.

Најпрвин во 29. минута израмни Кристенсен по додавањето на Систо, а потоа следуваа уште три погодоци, односно реализација на хет-трик од страна на играчот на Тотенхем, Ериксен.

Конечниот епилог го постави поранешната ѕвезда на Арсенал и сегашен член на норвешкиот Розенборг, Никлас „Лорд Бендтнер“ во 90. минута од пенал.

Ирландия – Дания 1:5. Обзор матча. Чемпионат Мира 2018. 2-й стыковой матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.