Иниеста си оди на крајот од сезоната: Ја продолжува кариерата во Кина!?

Капитенот на Барселона одлучил каде ќе ја продолжи својата професионална фудбалска кариера…

Се очекува на крајот од сезоната да го напушти каталонскиот гигант, а оваа информација би требало да биде официјална на 30. април.

33-годишниот шпански интернационалец има намера да продолжи со активното играње на фудбал во Кина, поточно во редовите на Тианџин Кванџин.

Знам што ќе направам. Кога ќе кажам нешто, ќе бидам подготвен. Најпрвин на клубот, потоа на тренерот и на сите останати. Можат на било каков начин да ги прифатат моите зборови. Ја имам љубовта и почитта од фановите сега и секогаш.

То не е нешто што ќе ме предомисли. Јас сум заблагодарен. Долги години тие ме гледаа на фудбалските терени. Тоа е мојот дом, се сеќавам на поддршката која ми ја даваа од самиот старт“, рече Иниеста.