Индепендиенте шампион на „Копа Судамерикана“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на аргентинскиот клуб го освоија трофејот во „Копа Судамерикана“.

Индепендиенте ремизираше со Фламенго на „Маракана“ (1:1), па таквиот епилог беше доволен откако триумфираше на првиот натпревар со резултат 2:1.

Фламенго поведе во 30. минута преку Пакета, но десет минути подоцна беше досуден пенал за гостите кој го реализираше Барко.

На тој начин Индепендиенте дојде до вториот трофеј во ова натпреварување, откако првиот го освои во 2010. година.