Имобиле и Стракоша во Лацио до 2022 година

Римскиот клуб официјално потврди дека е продолжена соработката со италијанскиот напаѓач и албанскиот голман.

27-годишниот Чиро Имобиле и Томас Стракоша (22) одлучија да ги продолжат своите договори кои ќе траат до Јуни 2022. година.

Стракоша дебитираше за Лацио во 2012-та, додека Имобиле се наоѓа во одлична форма оваа сезона постигнувајќи 15 голови за 12 натпревари.