Има понуда која не се одбива: Зидан ќе го напушти Реал Мадрид!?

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан би можел на крајот од сезоната да ја преземе репрезентацијата на Франција.

Странските медиуми информираат дека оваа сезона би можел да биде последна на клупата на европскиот шампион.

Имено, челниците на француската фудбалска федерација му подготвуваат понуда која Зидан тешко може да ја одбие.

Актуелен селектор на Франција е Дидие Дешам кој има договор со „триколорите“ до крајот на Светското првенство во Русија 2018. година.

Медиумите се повикуваат на анкетите во Франција во кои поголемиот дел посакуваат Зидан да ја води француската репрезентација со чија национална селекција Зидан како професионален фудбалер успеа да биде европски шампион (2000.), светски шампион (1998.) и светски вицешампион (2006. година).

Да додадеме уште дека популарниот Зизу в сабота на дуелот од шпанската Примера против Хетафе ќе го има 100. меч на клупата на „кралевите“.