Икарди е класа, спектаклот на „Меаца“ му припадна на Интер! (ВИДЕО)

Се одигра и последниот натпревар денеска во рамките од осмото коло во Серија А…

Во дербито на „Џузепе Меаца“ славеше со резултат 3:2 против лутиот градски ривал Милан.

Херој на „неро-аѕурите“ беше аргентинскиот интернационалец Икарди кој реализираше хет-трик.

Поведе Интер во 28. минута кога асистираше Кандрева, потоа во 56. минута израмнија гостите преку Сусо.

Во 63. минута Икарди беше пронајден од Хрватот Перишиќ за 2:1, нов егал на средбата донесе Бонавентура во 81-та, а во 90-та Икарди од пенал го постави конечниот епилог.

Интер сега го зазема второто место на табелата со 22 бодови, два помалку од Наполи, додека „росонерите“ и оваа сезона продолжува со скромните партии и покрај големиот „ремонт“ во летниот периоди и моментно се на 10. позиција со 12 бодови.

Интер – Милан 3:2. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.