Ибрахимовиќ во свој стил го прослави пласманот на Шведска на СП (ФОТО, ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска после двомечот со Италија успеа да се избори за пласман на Светското првенство во Русија 2018.

Овој успех го прослави и најдобриот стрелец на Шведска на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ (36). Секако Ибра во свој стил се огласи на Инстаграм.

Им честиташе на играчите со една кратка и јасна порака „We are Zweden“, наместо нели „We are Sweden“ (Ние сме Шведска).

-АНДЕРСОН: НЕМОЈТЕ ДА МЕ ПРАШУВАТЕ НИШТО ОКОЛУ ИБРАХИМОВИЌ!-

Да потсетиме, Ибрахимовиќ се прости од националниот дрес на Европското првенство во Франција. Но, после вчерашниот резултат, сега многумина посакуваат и се надеваат на враќање на „Ибракадабра“ за настап на СП.

Па, ова е неверојатно. Ибрахимовиќ прекина да игра за Шведска пред една и пол година, и сеуште зборуваме за него. Мораме да зборуваме за одлични играчи кои што ги имаме сега во составот. Имаме многу херои, а вие повторно го спомнувате Златан. Немојте да ме прашувате ништо околу Ибрахимовиќ. Со него нашиот стил на игра беше поразличен во однос на сегашниот. Тој е шампион, но сега имаме свој стил и тоа е тоа“, рече селекторот на Шведска, Јан Андерсон.

-ШВЕЃАНИТЕ ВО ТРАНС: СРУШЕНО ИМПРОВИЗИРАНОТО СТУДИО НА „ЕУРОСПОРТ“-

По последниот судиски свиреж на стадионот „Сан Сиро“ во Милано следуваше големо славје на шведските репрезентативци.

Тие во еден момент го прекинаа разговорот на водителката на „Еуроспорт“ и нејзините гости, и лудо го прославија големиот успех, и воедно го срушија и импровизираното студиоо на оваа ТВ куќа.