И да промаши во следните 500 удари, Меси и понатаму ќе биде подобар од Роналдо!

Кристијано Роналдо во саботата на „Сантјаго Бернабеу“ во победата на Реал Мадрид против Лас Палмас од 3:0 имаше осум удари спрема противничкиот гол.

Португалецот е втор во Примера по бројот на удари спрема противничките голови во оваа сезона и вкупно ги има досега 48. Од кои само еден завршил во мрежата, 13 биле во рамките на голот, а најдобриот фудбалер на светот промашил дури шест „зицери“.

Тоа значи дека Роналдо има севкупен учинок од само 2,08 отсто, и на тој начин не само што е најлош во Примера, туку и во сите Топ 5 европски лиги (Шпанија, Франција, Италија, Германија, Англија).

За разлика од него, својот најголем ривал од Барселона, Лионел Меси сезонава најмногу шутирал досега спрема противничките голови во најквалитетната шпанска лига, во 11. кола има 69 удари. Но, во однос на играчот од „кралскиот“ клуб, Аргентинецот реализирал 12 голови, односно учинок од 12,02%.

Оние кои што се занимаваат најмногу со статистика, пресметале дека Меси за да се израмни со моменталниот процент на Кристијано Роналдо, треба да ги промаши следните 507 удари! Значи, и со 506 непрецизни обиди, аргентинската ѕвезда и понатаму би била подобра од португалската.