И Барселона ќе штрајкува во вторник!

Фудбалскиот клуб на Барселона ќе и се придружи на Жирона и најави штрајк за вторник после инцидентите на референдумот кој е одржан во Каталонија.

ФК Барселона ќе биде дел од штрајкот во Каталонија и клубот во вторник (3. октомври) ќе биде затворен“, најави каталонскиот гигант.

Работничките синдикати од Каталонија повикаа на регионален штрајк, закажан за вторнк, а во повикот како повод се наведуваат „огромните кршења на права и слободи“.

Во текот на референдумскиот ден во Каталонија, полицијата се обиде да го спречи одржувањето на гласањето за изјаснување за независност, поради што избија нереди во кои повеќе од 800 лица беа повредени.

На референдумот в недела излегоа нешто повеќе од 40% запишани избирачи, а дури 90% „ЗА“ независна Каталонија. Штрајк претходно најави и ФК Жирона.

-ПИКЕ ДОЧЕКАН НА „КРВ И НОЖ“ ВО МАДРИД, РЕАГИРАА РЕДАРИТЕ!-

Пике дефинитивно не е омилен лик овие денови во Шпанија.

Веќе долги години дефанзивецот на Барселона е најгласен кога е во прашање независноста на Каталонија, а во неделата во солзи најави можност за повлекување од репрезентацијата.

Денеска беше закажано собирање на репрезентацијата на Шпанија по повод новите квалификациски дуели важни за пласман на СП.

Пике беше особено на удар на навивачите кои се собрале да испратат порака до каталонските играчи. Навивачите извикувале „Пике, ѓубре! Надвор од репрезентацијата!“. А исто така имаше и вакви транспаренти: „Пике, Шпанија е твојата земја“.