Гвардиола и Салах најдобри во Премиерлигата за ноември

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола и фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах се избрани за најдобар тренер и играч на Премиер лигата во ноември.

Гвардиола трет пат по ред ја доби престижната награда откако неговиот клуб ја продолжи триумфалната серија и надмина рекорд на лигата со 15 победи во низа.

Салах, кој пред неколку дена беше прогласен за најдобар фудбалер на Африка, постигна седум голови на четири натпревари, од кои Ливерпул доби три и еднаш ремизираше.