Гремио ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на Гремио ја совладаа Пачука со минимални 1:0 и на тој начин се пласираа во финалето на Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати.

После 90. минути помеѓу бразилската и мексиканската екипа немаше голови, па мечот замина во продолженија каде што клучниот момент се случи во 95. минута од првото продолжение.

Херој на Бразилците беше Евертон кој после една соло акција постигна убав погодок од 15. метри откосо од левата страна.

Гремио во големото финале ќе игра со подобриот од второто полуфинале кое е закажано во вторник од 18:00 часот помеѓу Реал Мадрид и Ал Џазира.

Претходно во борбата за петтото место Урава беше подобра од Видад со резултат 3:2.