Голманска реакција на Рамос: Па, зар нема тука пенал!? (ВИДЕО)

Возбудливо е во Дортмунд, после првото полувреме води Реал во ЛШ со 0:1…

Стрелец на единствениот гол е велшкиот интернационалец Герет Бејл, а неколку минути пред погодокот во казнетиот простор на „кралевите“ имаше една сомнителна ситуација.

Домаќините бараа пенал, откако Серхио Рамос „играше малку кошарка“ пред гол-линијата, но судијата Кујперс од Холандија не досуди на белата точка.