Голманот Донарума останува на „радарот“ на ПСЖ!

ПСЖ останува во контакт со Џанлуиџи Донарума…

Лидерите во француската Лига 1 подготвуваат нова летна понуда за голманот на Милан.

Во текот на изминатото лето „светците“ се обидоа да го ангажираат, но чуварот на мрежата одлучи да остане на „Сан Сиро“.

Според француските медиуми, ПСЖ е сигурен дека може да го победи во трката Реал Мадрид во текот на наредното лето 2018 во потрагата по долгорочен голман на „Паркот на Принцовите“.