Гол на Ракитиќ за триумф на Хрватите против Мексико! (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одиграа уште три пријателски натпревари ширум светот…

Репрезентацијата на Хрватска која се подготвува за настапот на Светското првенство во Русија минимално со 1:0 ја совлада селекцијата на Мексико.

Голот за победа на „коцкастите“ го донесе капитенот Иван Ракитиќ од пенал реализиран во 62. минута од средбата, за вкупно 14. погодок во националниот дрес.

На останатите два контролни мечеви, со истиот резултат САД триумфираше против Парагвај, додека Перу со 3:1 беше подобар од Исланд.