Го престигна Пеле: Дали може Роналдо да оствари уште еден рекорд?

Репрезентацијата на Португалија денеска на домашен терен против Швајцарија ќе игра за првото место во групата и пласман на СП во Русија.

За Португалците нема друга опција, само три бода ги водат на Мундијалот, во спротивно ќе мора да играат во баражот.

Ова е воедно шанса за Кристијано Роналдо (43) да биде во избраното друштво најдобри стрелци во националната репрезентација. Моментно има 79 голови, односно се наоѓа на четвртото место на сите времиња, заедно со Годфри Читалу од Замбија.

Во овој квалификациски циклус ѕвездата на Реал Мадрид постигна дури 15 погодоци, што е 60% од сите голови на португалската репрезентација.

На таа вечна листа веќе го престигна легендарниот Пеле кој застана на 77 голови за Бразил, а во Топ 3 се наоѓаат Камамото (Јапонија, 80 голови), Пушкаш (Унгарија, 84 голови), а на првата позиција Али Даеи (Иран, 109 голови).