Џерард од наредната сезона во Глазгов Ренџерс!?

Легендарниот ас на Ливерпул, Стивен Џерард од наредната сезона ќе седне на клупата на Глазгов Ренџерс.

Поранешниот долгогодишен капитен на тимот од „Енфилд“, ќе се обиде да го врати славниот клуб на вистинскиот пат и воедно ја прекине доминацијата на Селтик во Шкотска.

Џерард моментно е тренер на младинската екипа на Ливерпул. Екипата на Селтик е предводена од Брендон Роџерс кој пак исто така ги водеше и Редси во чии редови беше и Џерард.