„Фуријата“ ја понижи Аргентина, видео-технологијата на „Вембли“ ја спаси Италија! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа уште два интересни пријателски натпревари на фудбалските терени…

Шпанија на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ја декласираше репрезентацијата на Аргентина (во чии редови не настапи Лионел Меси) со резултат 6:1.

Коста ја доведе црвената „фурија“ во водство во 12. мин., зголеми Иско во 27-та после втората асистенција на Асенсио, а намали Отаменди.

На стартот од вториот дел Шпанците постигнаа уште два гола преку Иско и Алкантара, за уште нови два Аспас и Иско кој го реализираше својот хет-трик во 74-та мин.

На стадионот „Вембли“ во Лондон ремизираа репрезентациите на Англија и Италија (1:1), најпрвин Варди донесе радост за „Гордиот Албион“, а благодарение на ВАР видео техологијата се извлекоа „аѕурите“ во 87. мин. од пенал кој го реализираше Инсиње.

Пријателски натпревари, резултати:

Романија-Шведска 1:0
Австралија-Колумбија 0:0
Англија-Италија 1:1
Нигерија-Србија 0:2
Шпанија-Аргентина 6:1