Фудбалска 2018: Богата со ЛШ, Топ 5 европски лиги, Светско првенство во Русија! (ФОТО)

Вљубениците во најважната споредна работа на светот со нетрпение ги очекуваат нови фудбалски возбудувања во новата 2018. година.

Парна година, која што донесува Светско или Европско првенство, натпреварувања кои ги соединуваат навивачите во целата држава, а во 2018-та, фокусот ќе биде насочен кон Светското првенство во Русија.

Во продолжение ви донесува еден преглед на најинтересните натпревари на фудбалските терени:

-ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2017/2018-

Осминафинале

13. февруари Јувентус-Тотенхем, Базел-Манчестер Сити (реванш 7. март)
14. февруари Порто-Ливерпул, Реал Мадрид-ПСЖ (реванш, 6. март)
20. февруари Челзи-Барселона, Баерн Минхен-Бешикташ (реванш, 14. март)
21. февруари Севиља-Манчестер Јунајтед, Шахтјор-Рома (реванш, 13. март)

Четвртфинале

Ждрепка: 16. март
Први натпревари 3/4 март, реванш 10/11 април

Полуфинале

Ждрепка: 13. април
Први натпревари 24/25 април, реванш 1/2 мај

Финале (Киев, 26. мај)

-ЛИГА ЕВРОПА 2017/2018-

1/16 финале

Први натпревари 15 февруари, реванш 22 февруари

Осминафинале

Ждрепка: 23 февруари
Први натпревари 8 март, реванш 15 март

Четвртфинале

Ждрепка: 16 март
Први натпревари: 5 април, реванш 12 април

Полуфинале:

Ждрепка: 13 април
Први натпревари 26 април, реванш 3 мај

Финале (Лион, 16 мај)

-ПРЕМИЕРЛИГА 2017/2018-

На половина од сезоната Манчестер Сити е убедливо најдобар во Премиерлигата. Составот на Гвардиола и понатаму не знае за пораз. Цврсто на врвот и далеку во однос на конкурентите за шампионската титула, Челзи и Манчестер Јунајтед. Во продолжение погледнете какви занимливи пресметки очекуваме во новата 2018. година кои што секако можат да бидат одлучувачки за конечниот генерален пласман.

03.01 Арсенал – Челзи

14.01 Ливерпул – Манчестер Сити

31.01 Тотенхем – Манчестер Јунајтед

04.02 Ливерпул – Тотенхем

10.02 Тотенхем – Арсенал

25.02 Арсенал – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед – Челзи

03.03 Манчестер Сити – Челзи

10.03 Манчестер Јунајтед – Ливерпул

31.03 Челзи – Тотенхем

07.04 Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед

14.04 Тотенхем – Манчестер Сити

28.04 Манчестер Јунајтед – Арсенал

05.05 Челзи – Ливерпул

-ПРИМЕРА 2017/2018-

Барселона со убедливата победа на „Ел КласикО“ и тоа на „Сантјаго Бернабеу“ му избега на најголемиот ривал Реал Мадрид на големи 14 бодови. Иако „кралевите“ имаат и меч помалку, тешко е за очекување дека тимот на Зидан може да направи целосен пресврт. Добра вест за Барса е и враќањето на најскапото засилување во клупската историја, Усман Дембеле.

28.01 Валенсија – Реал Мадрид

04.02 Атлетико Мадрид – Валенсија

04.03 Барселона – Атлетико Мадрид

08.04 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид

15.04 Барселона – Валенсија

06.05 Барселона – Реал Мадрид

-СЕРИЈА А 2017/2018-

Најнеизвесна од Топ 5 европските лиги е онаа во Италија каде што пет клубови се сместени во девет бодови разлика. Моментно води Наполи, еден бод повеќе од шампионот Јувентус, и пет пред третопласираниот Интер. На 4. март имаме дури три дербија.

21.01 Интер-Рома

11.02 Наполи – Лацио

04.03 Милан – Интер, Наполи – Рома, Лацио – Јувентус

11.03 Интер – Наполи

31.03 Јувентус – Милан

15.04 Лацио – Рома

22.04 Јувентус – Наполи

29.04 Интер – Јувентус

13.05 Рома – Јувентус

20.05 Лацио – Интер

-БУНДЕСЛИГА 2017/2018-

Иако Баерн не започна најдобро сезонава, после поразот од ПСЖ и отказот на Карло Анчелоти, клубпт успеа да се „препороди“ со повратникот Јуп Хејнкес. Баварците атакуваат кон нов трофеј, а зад нив се води голема битка а местата кои водат во ЛШ и Лига Европа. Интересен ќе биде расплетот со оглед на тоа што дури седум клубови ги разделува само четири бода.

12.01 Баер Леверкузен – Баерн Минхен

13.01 Лајпциг – Шалке

10.02 Баерн Минхен – Шалке

25.02 Баер Леверкузен – Шалке

03.03 Лајпциг – Борусија Дортмунд

18.03 Лајпциг – Баерн Минхен

31.03 Баерн – Борусија Дортмунд

14.04 Шалке – Борусија Дортмунд

21.04 Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен

-ЛИГА 1 2017/2018-

Откако во изминатото лето ПСЖ успеа да ги ангажира најдобрите млади играчи на светот, Нејмар и Килијан Мбапе, беше јасно дека тимот од Париз ќе биде главен фаворит за титулата шампион на Франција. „Светците“ заминаа на зимски одмор со девет бодови предност пред Монако и Лион, и 12 пред Марсеј.

21.01 Лион – ПСЖ

28.01 Марсеј – Монако

04.02 Монако – Лион

25.02 ПСЖ – Марсеј

18.03 Марсеј – Лион

15.04 ПСЖ – Монако

-1МФЛ (Прва македонска фудбалска лига) 2017/2018-

Шкендија со осум бодови предност пред Вардар, 15 пред Силекс и дури 21 пред Академија Пандев стана есенски шампион. Секоја битка помеѓу бранителот на трофејот Вардар и Шкендија може да биде одлучувачка за титулата во нашето првенство, а да потсетиме овие две екипи ќе се сретнат и во Купот на Македонија, поточно во четвртфиналето.

Следно коло (14. февруари, 14:00 ч.)

Шкупи-Академија Пандев
Шкендија-Вардар
Победа-Пелистер
Работнички-Ренова
Силекс-Скопје

-Светско првенство во Русија (14. јуни – 15 јули)-

Круна на 2018. година ќе биде 21. Светско првенство кое ќе се игра во 11. руски градови. Титулата од пред четири години ја брани репрезентацијата на Германија која се наоѓа во групата Ф со Мексико, Шведска и Јужна Кореја. Во продолжение погледнете кои мечеви би требало да го привлечат вниманието во групната фаза на Мундијалот. Уживајте:

Отворање на СП 14. јуни Русија-Саудиска Арабија

Поинтересни натпревари од групната фаза

15. јуни Португалија-Шпанија
17. јуни Германија-Мексико
17. јуни Бразил-Швајцарија

19. јуни Полска-Сенегал
21. јуни Аргентина-Хрватска
23. јуни Германија-Шведска

24. јуни Полска-Колумбија
25. јуни Уругвај-Русија
26. јуни Данска-Франција

27. јуни Србија-Бразил
28. јуни Англија-Белгија

Четвртфинале

Казан (06. јули)
Нижњи Новгород (06. јули)
Самара (7. јули)
Сочи (7. јули)

Полуфинале

Санкт Петерсбург (10. јули)
Москва (11. јули)

За трето место

Санкт Петерсбург (14. јули)

Финале

Москва (15. јули)