Французинот има летен избор: Марсијал помеѓу Јувентус и Баерн Минхен!

Младиот напаѓач е еден од играчите чие заминување од Манчестер Јунајтед се планира на лето.

„Старата дама“ го гледа како замена за Манџукиќ, додека во него Баварците гледаат наследник на Рибери и Робен.

Како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, на една година пред истекот на договорот за услугите на Французинот се заинтересирани европските великани, Јувентус и Баерн Минхен.

Фудбалерот кој во 2015 год. за 49 милиони евра дојде на „Олд Трафорд“ од редовите на Монако, Оваа сезона воглавно има променлива сезона, во Премиерлигата од 27. мечеви има девет реализирани голови.