Фернандо Торес ќе се врати во Премиерлигата?

Фернандо Торес би можел да се врати во најсилната англиска лига…

Како што пренесува „Дејли Мирор“, Шпанецот се поврзува со трансфер во Њукасл или Саутемптон.

Претставници на 33-годишниот напаѓач ја искажуваат неговата желба за разделба со Атлетико Мадрид и замине од јануари на позајмица кај Бенитез или Пелегрино.

Оваа сезона во шпанската Примера имаше досега само шест настапи и без ниту еден реализиран гол во дресот на „јорганџиите“.