„Ференц Пушкаш“: Кандидат за гол на годината ни доаѓа од Австралија! (ВИДЕО)

Овој погодок може да се најде во најтесниот круг на кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која се доделува за гол на годината…

Соиграчот на македонскиот интернационалец Даниел Георгиевски кој практично и учествуваше во самата акција, од редовите на австралискиот фудбалски клуб Њукасл Џетс, Рајли Мекгри постигна еден фантастичен погодок.

На натпреварот против составот на Мелбурн со една т.н. „скорпија“ успеа да ја затресе противничката мрежа. Погледнете и уживајте: