Фелаини на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед!?

Се шпекулира дека Маруан Фелаини е можно наредното лето да го напушти Манчестер Јунајтед…

Информациите велат дека екипата на Монако се наоѓа во трката за белгискиот играч од средниот ред.

Францускиот клуб веќе контактираше до 30-годишниот фудбалер за евентуален трансфер на крајот од сезоната.

Според белгиските медиуми, за потписот на Фелаини се борат уште италијанската Рома и турскиот состав на Бешикташ.

Оваа сезона во Премиерлигата во дресот на „црвените ѓаволи“ има 13 одиграни натпревари и три постигнати голови.