Фаворитите немаа среќа: Извлечени полуфиналните двојки во Лига Европа!

Денеска беа извлечени полуфиналните двојки во фудбалската Лига Европа…

Најголемите фаворити немаа поволна ждрепка, Арсенал (Англија) и Атлетико Мадрид (Шпанија) ќе мора да се соочат во првата полуфинална битка.

На вториот полуфинален дуел францускиот клуб на Марсеј ќе ги одмери силите против можеби досега најголемото изненадување во натпреварувањето, австрискиот Салцбург.

Да потсетиме, големото финале ќе се игра на 16. мај 2018 год. со почеток од 20:45 часот во Лион (Франција).

Лига Европа, полуфинале

Марсеј-Салцбург
Арсенал-Атлетико Мадрид

Првите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 26. април, а реванш средбите на 3. мај 2018 год.