Фантастичен гол на „Ибракадабра“ во дебито за Лос Анџелес Галакси! (ВИДЕО)

Во својот четврти натпревар оваа сезона во американската МЛС лига, составот на Лос Анџелес Галакси дома со 4:3 го совлада Лос Анџелес.

Еден неверојатен меч каде што своето деби во дресот на ЛА Галакси го имаше неодамнешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ.

„Ибракадабра“ како и секогаш така и овојпат блесна, најпрвин при негатива на неговиот тим настапи од 71. мин. како замена за Леџет, а потоа следуваше „магијата“ на Швеѓанецот.

Пред полни трибини и одлична атмосфера најпрвин во 77. мин. со еден фантастичен погодок израмни на 3:3, а во самиот финиш (90+1) донесе триумф после асистенцијата на Ешли Кол, поранешната ѕвезда на Арсенал, Челзи и Рома.

На табелата во шампионатот ЛА Галакси е на третото место со седум бодови, три помалку зад водечките Спортинг Канзас Сити и Ванкувер Вајткепс.