Фалкао повторно блесна: Мајсторски гол од скоро половина терен! (ВИДЕО)

Радамел Фалкао и оваа сезона продолжува со одличните партии во Монако…

Во сите натпреварувања за францускиот клуб веќе има 17 голови и секако е прво име на тимот особено после заминувањето на Мбапе.

Колумбиецот во рамките од националниот куп беше стрелец на еден од двата гола во победата (2:0) над Кан.

Се играше 85. минута кога популарниот „Ел Тигре“ прими една топка и скоро од половина терен шутираше, односно го лобуваше противничкиот голман.