Ериксен против Јунајтед го постигна најбрзиот гол сезонава во Премиерлигата! (ФОТО, ВИДЕО)

Само 11 секунди им беа потребни на фудбалерите на Тотенхем да поведат вечерва дома против Манчестер Јунајтед.

Ериксен го постигна досега најбрзиот гол сезонава во Премиерлигата против „црвените ѓаволи“ во рамките од 25. коло.

Ова е третиот најбрз погодок во историјата на најсилното англиско фудбалско првенство, на врвот е уште еден фудбалер на Тотенхем, легендата Ледли Кинг (9.9 секунди) во 2000. година против Бредфорд. На второто место на оваа вечна листа е Алан Ширер во 2003 год. против Манчестер Сити (10.4 сек.), само 0.08 побрз од Ериксен.

После првото полувреме на „Вембли“ стадионот во Лондон водеше Тотенхем со 2:0, во 28. минута воедно автогол си постигна Џонс.